Голем успех на „Струмица опен фестивал“

– Поминавме дванаесет прекрасни вечери во кои имавме буквално една широка лепеза на сите делови од културата и уметноста, вклучувајќи вечери на поезијата и афоризмот, вечери на ликовната уметност, на џезот, на хип хоп музиката, на театарот, на филмот и многу други.

Новина годинава беа двата концерта во Муртино и Просениково, а кулминацијата на „Струмица опен фестивал” е беа трите музички вечери, од петокот до неделата. Јас сум среќен затоа што пред се младите луѓе, а и сите посетители уживаа во петтото издание на „Струмица опен фестивал” – изјави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарско прашање, колкав ќе биде бенефитот за општината од овој настан, градоначалникот Заев, рече:
– Бенефитот за општинскиот буџет е нула денари, но бенефитот за угостителството, хотелиерите, малиот бизнис, на дуќанчињата е огромен. Очекуваме дека годинава дошле преку двесте илјади посетители во сите денови на „Струмица опен фестивал”, а кулминацијата секако беше во неделата навечер со Здравко Чолиќ. Ја користам приликата да ги поканам сите граѓани на Република Македонија да ја посетат Струмица, да подзаборават на секојдневните проблеми, да се опуштат и забавуваат и секако, од 18 август натаму продолжуваме со нормалниот живот.
На големата музичка сцена на градскиот плоштад уште настапија: Кирил Џајковски, Тајзи, Бајага и Инструктори, Драган Мијалковски, Амадеус и Сарс.

Останати вести