Минатата сабота, во Голден Стар рецепција во Епинг, Струшкото друштво “Браќа Миладиновци” го одржа својот традиционален годишен бал.
Свој настап на балот имаше и нашето најстаро играорно друштво во Австралија, КУД “Светлост”, а музиката практично без престан ечеше до раните утрински саати.
За веселото расположение се погрижија и нашите ѕвезди Татјана Лазаревска и Новица Василевски. Собирот на стружани со нивните роднини и пријатели успеа повторно да создаде магична атмосфера.


