Што значи ако рацете и стопалата ви се студени?

Ако забележите дека веќе неколку денови имате студенило по рацете и нозете, проверете ги овие четири здравствени проблеми: 

Анемија – Покрај студените раце и нозе, најчести симптоми се заморот и главоболката, па ако имате 2 од овие 3, добро е да го проверите железото во крвта. Недостатокот на кислород е главен виновник кој ве доведува до ова студенило.

Дијабетес – Чувството на студенило и трнење во рацете и стапалата е прв знак на дијабетес. Шеќерната болест остава последици на крвотокот и нервниот систем, па не би било лошо да ја проверите здравствената состојба.

Проблем со тироидната жлезда – Забавената работа на тироидната жлезда доведува до спор метаболизам кој се одликува со студенило во екстремитетите. Заморот, летаргијата, поспаноста и забавениот говор се само уште дел од симптомите кој може да следуваат.

Стрес – Стресот е најчест причинител за студенило. Тој го зголемува производството на адреналин кој ги стега крвните садови. Со самото тоа циркулацијата е сведена на минимум.

Прва помош против студени екстремитети – Добар совет е да ги спуштите рацете и нозете и благо да ги протресете. Доколку сакате да го решите проблемот на подолгорочен период, консумирајте здрави намирници и практикувајте редовна физичка активност.

Останати вести