Зошто да студирате во Австралија?

Дали сте знаеле дека Австралија е трета по ред во светот по број на меѓународни студенти, иако има популација од само 23 милиони жители?

Ова не е толку изненадувачки кога ќе земете во предвид дека Австралија има седум од најдобрите 100 универзиети во светот! Всушност, со над 22 000 курсеви на 1100 институции, Австралија ја надминува Германија, Холандија и Јапонија, ранкирајќи осма во Universitas 2012 U21 ранкот за национални системи за високо образование.
Ова се силни академски референци, a институциите во Австралија се толку високо оценети според градовите во кои се наоѓаат. Австралија има 5 од 30те најдобри градови во светот за студенти, според квалитет на животот, достапноста и можностите за вработување – важни причини за студентите кои ја избираат најдобрата дестинација за студирање. И со повеќе од 200 милиони австралиски долари достапни од австралиската влада секоја година во меѓународни стипендии, се полесно е да се дојде во Австралија и да се искуси разликата што тоа образование може да ја направи за идните можности за развој на кариерата.
Имате конкретна област за студирање која ве интересира? Австралија ги покрива сите, со најмалку еден австралиски универзитет во топ 50 во светот во области како природни науки и математика, земјоделски, медицина и фармација и физика.
Со импресивно образовно педигре, воопшто не е изненадувачки дека има над 2.5 милиони меѓународни студенти кои направиле разлика откако студирале во Австралија. Дел од овие студенти се меѓу најдобрите светски умови. Всушност, Австралија има 15 нобеловци и секој ден над 1 милијарда луѓе од светот се потпираат на австралиски иновации и откритија, вклучувајќи го пеницилинот, ултразвукот, WI-FI, бионичко уво, вакцина за цервикален рак, инфузија итн – што ги прави нашите животи многу подобри.
Па, зошто не би сакале да студирате со дел од најдобрите умови во светот?
За повеќе информации можете да се јавите кај Милана Змејкоски во MZ Migration Services на моб: 0414 978 812.

Останати вести