Луис Суарез блескаше во дресот на Атлетико Мадрид, меѓутоа двата негови погодоци не се покажаа како доволно за трите бода во пресметката со Селта Виго која заврши без победник 2:2.
Со новите два гола Уругваецот стигна до бројката од 16 во оваа сезона, а тоа донесе да испише нов рекорд во Примера.
Напаѓачот стана првиот играч кој дал 16 голови на 17 натпревари во првата сезона за клуб од елитната шпанска конкуренција во 21 век, односно го собори досегашниот рекорд на Кристијано Роналдо кој за истиот период даде 15 во дресот на Реал Мадрид по трансферот од Манчестер jунајтед во 2009 година.