Пак одложено судењето за демолирање на Народната канцеларија на претседателот во Скопје

Обвинетите Никола и Филип не се хулигани. Едниот само што се вработил а вториот е студент

Претседателот Ѓорге Иванов за старите столчиња, амортизираните компјутери, своите слики, предмети од бироата и останатиот технички материјал кој наводно биле целосно оштетени кога пред две недели беше искршена Народната канцеларија на претседателот бара од Никола Аризановски и Филип Наковски, кои се обвинети за учество во толпа да му купат нови и тоа вредни 880.000 денари, односно $ 22,000.

Ова е наведено во пописната листа која Кабинетот на Иванов ја пратил до Државното правобранителство, чиј што преставник во име на Иванов достави се што било оштетено и колку вредело. Но, тие цени се наведени според износот кој своевремено ги купила Службата за општи и заеднички работи.
Бидејќи не е направено стручно вештачење колку денеска би чинело се што било наводно оштетено, адвокатот Владимир Данаилов, кој ги брани двајцата обвинети демонстранти го обжали барањето од Кабинетот на Иванов, тврдејќи дека не може без вештачење да се наведе наводна штета.
Со оглед на тоа што вештачењето било во тек кај Бирото за вештачења, од страна на Обвинителството беше прифатено прво да се добијат тие наоди, па предметот да продолжи во судска постапка.
Доколу се утврди дека штетата е помала од пет просечни плати, односно под $ 2,300, тогаш обвинителството ќе мора да го повлече обвинението.
До 12 мај, кога продолжува процесот, двајцата обвинети остануваат во домашен притвор. Тие на суд доаѓаат со полициска придружба. Едниот од нив е многу болен и има потреба од постојана лекарска контрола која му е оневозможена поради притворот, а вториот пак се плаши за своето прво вработување кое го добил неколку дена пред да биде уапсен.

Останати вести