Полицијата во Мелбурн објави предупредување откога помали судири избија меѓу поддржувачи и противници на протестите во Хонг Конг, за време на митингот во Мелбурн на кој се собраа неколку стотици лица од кинеската заедница.
Полицијата соопшти дека разговарала со двајца мажи поради „незаконски напад” откога дошло до туркање на митингот, кој е организаран во знак на поддршка на протестот во Хонг Конг. За време на инцидентот никој не бил повреден. На митингот имаше околу 600 луѓе.
„Го почитуваме правото на заедницата да ги изрази своите ставови на мирен и законски начин, но нема да ги толерираме оние кои го кршат законот или се однесуваат асоцијално или насилнички” – се вели во соопштението кое преку и-меил го упати потпаролот на Викторија.
Во Мелбурн е огранизиран уште еден митинг во знак на поддршка на демонстрантите во Хонг Конг, кој привлече околу сто луѓе.
Британски Гардијан пренесе дека само малку луѓе почнале да викаат на собраната група, но полицијата ги отстранила од митингот.
Слични протести, но во помал обем, се одржаа и во други градови. Во Хонг Конг продолжуваат протестие против властите кои се блиски до официјален Пекинг, а во знак на поддршка на демонтрантите им се приклучија и наставници.