НАСА покажа како ќе изгледа новиот суперсоничен патнички авион

НАСА го покажа прелиминарниот изглед на новото суперсонично патничко летало што би можело да го замени легендарниот авион „конкорд”. НАСА сака да создаде авион што ќе биде побрз од звукот, а компанијата Lock­heed Martin Aeronautic, која победила на конкурсот, ќе се погрижи за тоа.

Таа ќе се занимава со изградбата на суперсоничното летало, што е прво во низата „X-авиони”, за кои се надеваат дека ќе биде во напреден развој во 2017 година.
Kако што истакна НАСА, компанијата за овој идеен проект ќе добие 20 милиони долари во текот на наредните 17 месеци.
– Kомпанијата ќе го развива основниот дизајн на авионот и ќе ја обезбеди документацијата што е потребна за спроведување и планирање на овој проект. Документацијата ќе биде употребена за да се направат детаљни планови за изградбата на авионот – изјавил претставник на НАСА за медиумите.

Останати вести