Нејзиното Величество, како што се вели, официјално ја одобрило наредбата на Владата за нов говор на Кралицата и укинување на Парламентот на 11 септември.
Кралицата го одобрила барањето на Џонсон во Балморал, каде ужива во летниот одмор.
„Наредба за суспендирање на парламентот, не порано од понеделник, 9. септември, и не подоцна од четврток, 12. септември 2019, до понеделник 14 октомври”, е објавена по состанокот на кралицата во дворецот Балморал со нејзиниот личен советник.
Идејата за згаснување на Парламентот, позната како пророгација, предизвика многу контроверзи, а критичарите велат дека така пратениците ќе бидат спречени да ја вршат својата демократска улога во “брекзит”.
Инаку, само мал број на министри,според ББС, знаел за овој план, како и дека истиот ќе предизвика голема кавга.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври годинава, со или без договор.