Св. Никола од Престон слави јубилејни 40 години

Минатава сабота МПЦ “Свети Никола” – Престон, одбележа голем јубилеј 40 години од големото осветување на црквата (старата) на свети Никола, извршено на 05-ти февруари 1978 година.

Со свечена вечерна богослужба на која учествуваа повеќе свештеници и после тоа се одржа Духовната Академија. Вечерта беше присутен и на верниците им се обрати и министерот на Викторија за мултикултура, Робин Скот, кој ја има посетено Македонија во 2011 година. Нашата заедница добро го познава како локален претставник на изборната единица на предградието Престон.
Потоа следеше коктел вечера на кој присутните имаа можност да се дружат во црковната сала што се наоѓа веднаш спроти црквата.
По повод овој голем јубилеј црковната Општина ќе организира низа свечености во текот на оваа година.

Останати вести