Во саботата во македонскиот манастир “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, беа поставени крстовите на врвот на куполите од новата црква. На пријатното сончево зимско време чинот на опејување го одржаа свештениците од Австралиско-новозеландската епархија што е под администрација на владиката Петар.
Присутните, по свечениот чин, се собраа во манастирската трпезарија каде можеа да се послужат со манастирското гравче.
Овој манастир е добро познат на нашата заедница и е сместен на земјиште со површина од 12.5 акри. Се наоѓа помеѓу Merri Creek и железничката линија Сиднеј-Мелбурн, Донибрук.
Таму се наоѓа и најстариот познат извор на минерална вода во Викторија. Уште пред 100 години ова било популарно излетничко место. Поради својата природна и недопрена убавина многу Македонци и денеска доаѓаат овде со своите семејства на излети.


