Помогнете го довршувањето на фрескоживописот на црквата Св. Пророк Илија во Квинбијан

Управата на црковната општина, Св. Пророк Илија од Квинбијан ја известува македонската заедница од Квинбијан, Канбера и пошироко дека во моментов, во црквата се работи на цртањето на фрескоживописот.

За да биде завршена започнатата работа потребни се финансиски средства. Управата апелира за помш до сите вас почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, секоја ваша донација е добродојдена и е од голема важност за реализација на зацртаната цел. Почитувни браќа и сестри,
Црковниот храм и македонскиот центар припаѓаат на сиот македонски народ, за сите наши потреби во македонската зедница. Работењето и одржувањето на истите зависат од нашата пддршка и посветеност.
Од упрата на црковната општина Св. Пророк Илија од Квинбијан председател Роберт Митревски телефон: 0439 429 600
Наум Пауноски

Останати вести