Почитувани роднокрајци,
ви ги испраќам моите искрени честитки и желби за понатамошни прослави, активности и успеси.
Вашата хуманитарна активност е позната и призната, и тоа ме прави горд да бидам гостин и учесник во вашата прослава.
Во мое име и во име на 3уица Лазова, Илија Тотоски-Тота, Џеват Рамаданоски, Ване Петкоски и музичарите кои ќе не придружуваат на концертите низ Австралија ви се обраќам со една скромна молба: чувајте ја македонската песна како најсвето нешто, зашто кога ќе ни згасне песната, ќе ни умре и јазикот. Не можеме да гo зачуваме јазикот ако не си ја негуваме песната македонска, која не зачувала како Македонци и во најтешките ропства.
ЧЕСТИТ 35-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
со почит, Наум Петрески