Свечен прием во македонската амбасада за денот на независноста на Македонија

По повод денот на независноста на Македонија Амбасадата на РМ во Канбера минатата среда организираше свечен прием.

Амбасадорот Веле Трпевски, генералниот конзул во Мелбурн Бети Коруновска, пратеникот за Австралија Васко Наумовски, почесниот конзул за НЈВ Ристо Балалоски имаа задоволство на приемот да ги поздрават потпретседателот на Парламентот на Австралија Брус Скот, претседателот на парламентарната комисија за пријателство со Македонија Лук Симпкинс, потпретседателот Стивен Џонс, пратеникот Мајк Кели, како и советникот во МНР Бишоп за надворешна политика. На свеченоста присуствуваше и директорката за Европа од МНР на Австралија.

Останати вести