Свечена академија за Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Во неделата на 23–ти мај, 2021 година, се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи Солунски во Сиднеј.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, по традиција ја организира оваа свеченост на која присуствуваат родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во саботните средни училишта.
Изучувањето на мајчиниот јазик има голема важност за развојот на децата, за нивното идно образование, за интегрирањето во општеството.
Учениците кои го изучуваат мајчиниот јазик се подобри и поуспешни во животот, покажува статистиката.
На Академијата на заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс, од сите редовни и етнички основни, и средни училишта им беа доделени признанија и награди.
Благодарници им беа врачени и на активисти, доброволци и пријатели на македонскиот јазик, кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик и ја поткрепуваат работата на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс.

Останати вести