Сведок на Хаг против УЧК пронајден мртов близу Приштина

Фадиј Суљевиќи, сведокот на Специјалното обвинителство во Хаг за воените злосторства на УЧК на Косово, е пронајден мртов кај езерото Бадовац во близина на Приштина.

Суљевиќи е по потекло од Медвеѓа и како што своевремено објави Здружението на киднапирани и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командуваше со логорот во близина на Матичан, во кој имаше околу 300 приведени Срби. Србија пред повеќе години издаде потерница за него преку Интерпол. Косовската полиција објави дека добиле дојава дека телото на непознат маж, кој подоцна бил идентификуван како Фадиљ Суљевиќи, се наоѓало на патот што води кон езерото Бадовац. Полицијата веднаш излезе на местото на настанот, контактираше со членовите на семејството на тоа лице и ги повика државниот обвинител и екипите за итна медицинска помош, изјави портпаролот на косовската полиција, Бајрам Красниќи. Засега нема повеќе информации за кои предмети Суљевиќи е сведок во обвиненијата против поранешните команданти на ОВК што беа уапсени и се наоѓаат во Хаг.

Останати вести