Австралија – Киргистан 3-0
Репрезентацијата на Австралија, во четвртокот, славеше висока победа над Киргистан во Канбера, во меч од квалификациите за пласман на фудбалското Светско првенство во 2018 година во Русија.
Пред околу 20.000 гледачи, “сокерусите” остварија триумф благодарение на голот на капитенот Миле Јединак од пенал во 40. минута, и во второто полувреме на голот на Тим Кахил (50. минута) и автоголот на Илдар Амиров (69. минута).
Со оваа победа Австралија ја намали разликата на само еден бод од лидерот на групата Јордан, пред следниот натпревар што ќе се игра на 17 ноември од 22.30 часот против Бангладеш.
Гостите во поголем дел од средбата се бранеа и беа под притисок, дозволувајќи им на сокерусите да имаат посед на топката од над 70 проценти во првото полувреме. Репрезентацијата на Киргистан во текот на целиот натпревар немаше ниту еден прецизен удар кон голот на голманот Адам ФедериЧи.
По успехот Австралија сега е на второ место во групата со 12 бода од пет натпревари. Киргистан ја зазема третата позиција со осум поени од шест средби. Лидер е Јордан со 13 бода од пет натпревари.