Светското здравје е загрозено, бактериите стануваат отпорни на антибиотици

Милиони би можеле да умрат, но спас нуди едно австралиско животно.
Употребата на антибиотици во светот порасна за 65 отсто меѓу 2000 и 2015 година, особено во неразвиените и средно развиените земји, што е закана за светското здравје, предупредуваат научниците.

Експерите уште на почетокот на извештајот истакнуваат дека „отпорноста на антибиотици, исто како и последицата од нивното неумерено користење е се поголема закана за светското здравје.”
Студијата објавена во американскиот магазин Proceedings of the Nacional Academy of Sciences, која во еден дел се темели на предвидувања, предупредува: „Употребата на антибиотици во светот во 2015 година беше проценета на 42,3 милијарди, стандардно препишани дози за возрасни лица.”
Во 76 земји во кои се спроведуваше истражувањето, употребата на антибиотици од 21,1 милијарда стандардно препишани дневни дози во 2000 година, порасна на 34,8 милијарди во 2015 година.
Во споредба со растот на нивниот бруто домашен производ, нивото на употреба на антибиотиците особено порасна во неразвиените и средно развиените земји, за 114 отсто во 16 години и изнесува 24,5 милијарди стандардно препишани дневни дози.
Eili Klein, истражувач во Center for Disease Dynamics, Economisc & Policy и еден од авторите на студијата, вели дека ова зголемување значи „подобра достапност до потребните лекови во земјите со голем број болести кои успешно можат да се лекуваат со антибиотици.”
Но, во исто време предупредува: „Бидејќи се повеќе земји добиваат пристап до овој вид лек, нивото (употребата) ќе расте, што ќе предизвика поголема отпорност на антибиотици”
Таквата отпорност на бактериите е одговорна за смрт на 700,000 луѓе годишно, низ светот, оценува група на меѓународни експерти основана во 2014 година во Велика Британија.
Употребата на антибиотици е помала во богатите земји и изнесува 10,3 милијарди стандардно пропишани дневни дози. Меѓу 2000 и 2015 година зголемувањето било само 6 отсто.
Турција, Тунис, Алжир и Романија во 2015 година биле меѓу шесте земји со најголемо ниво на употреба на антибиотици.
Во изминатите 16 години употребата на антибиотици двојно пораснала во Индија, во Кина за дури 79 отсто, а во Пакистан за 65 отсто. Со што овие три земји се најголеми потрошувачи на антибиотици меѓу неразвиените и средно развиените земји.
Зголемувањето е минимално во трите земји кои се први во потрошувачката меѓу богатите земји, САД, Франција и Италија, се вели во студијата. Отпорноста на бактерии би можела до 2050 година да однесе десет милиони животи, оценето е во неодамнешната објавена британска студија. Спас за човештвото би можело да дојде од платипусот или познат и како чудновидиот кљунар. Платипус е животно кое живее во Австралија е еден од ретките цицачи кои носат јајца. Австралиските научници неодамна открија дека протеин во мајчиното млеко на чудновидиот кљунар може лековито да делува на луѓето.

Останати вести