Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата” се одржа од 28 до 30 август со редуциран број учесници поради пандемијата на ковид-19.
Околностите дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, заради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, беа претставени преку видео читања. Специјално видео обраќање, како и видео читање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60. издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен Златниот венец, заедно со лауреатот за 2021 година.
Повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација учествуваа на фестивалот на главните фестивалски читања.