Претседателот Хашим Тачи поднесе оставка, ќе му се суди во Хаг

Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на Косово, по потврдата на обвинението против него поднесено од Специјалниот суд.

Тој претходно најави дека нема да се појави пред судот како претседател на Косово и додаде дека е убеден во чистотата на војната на ОВК и оти ќе се врати со бел образ од Хаг. Тој го повика народот да биде внимателен, а истовремено ги повика политичарите на зрелост за да не ја однесат земјата во нова криза.
Обвинението беше потврдено и против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, кој најави дека до крајот на судскиот процес се повлекува од сите политички и државни обврски.
А, по обвинението полицајци на ЕУЛЕКС извршија претрес и во куќата на поранешниот спикер на Парламентот, Јакуп Красниќи и го уапсија. Обвинение е поднесено и против шефот на пратеничката група на Движењето Самоопределување, поранешниот генерал на ОВК, Реџеп Селими. Наведените но и други лица се обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, киднапирања, прогонства и тортура. Според Обвинителството, тие се кривично одговорни за приближно 100 нелегални убиства. Злосторствата презентирани во обвинението вклучуваат „стотици идентификувани жртви на косовски Албанци, Срби и Роми, како и на политички противници”.

Останати вести