Бесмислено е малото Косово да биде пречка за интеграцијата на Србија во ЕУ, а од Белград да се очекува недвосмислено да го признае.
Белград – Ја гледам опасноста од екстремизам во Косово и би бил многу изненаден ако не се оствари пишувањето на „Њујорк тајмс” за тоа дека Косово се претвора во нов Моленбек.
Така оценува професорот по историја на американскиот универзитет Харвард, Нил Фергусон. Тој во интервју за „Политика” вели дека екстремизмот станува глобално движење, чија цел се и секуларни заедница и ги претвора во следбеници на екстремната верзија на исламот и додава: „Создадовме нестабилна и опасна земја”.
Иако оценува дека интервенцијата во Косово беше успешна, Фергусон истакнува дека грешката е направена подоцна, кога беше призната независноста на Косово.
„Тоа беше стратешки погрешно од Запад, бидејќи јас не гледам како кој било демократски претседател на Србија може да го признае Косово, што значи, пак, дека српско членство во Европската Унија е речиси невозможно”, изјави британскиот историчар, кој живее и работи во САД. На прашањето дали членството на Србија во ЕУ е невозможно поради Косово, Фергусон вели дека на Запад за ова ќе треба одново да размислат.
„Доколку ни се во интерес мирот и стабилноста на Балканот, тогаш бесмислено е малото Косово да биде пречка за интеграцијата на Србија во ЕУ. Србија, исто така, треба да прифати дека Косово никогаш веќе нема да биде дел од Србија”, вели историчарот.
„Значи, потребно ни е некакво двосмислено значење на терминот, да избегнуваме да бидеме јасен и конкретни во овој поглед, а не да се бара Србија недвосмислено да го признае Косово”, вели Фергусон, кој според „Тајмс” е рангиран меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава.
Фергусон го наведе примерот на Тајван, истакнувајќи дека никогаш не би дошло до поместување во односите меѓу САД и Кина доколку САД инсистираше на независност на Тајван, туку наместо тоа, Вашингтон го прифати кинескиот поглед за ова прашање, а на Тајванците им дозволи да се однесуваат како да се независни.
(Танјуг)