Таки Фити: Не треба да се прифати ерга омнес во преговорите со Грција

Академик Таки Фити, првиот човек на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), вели дека за идентитот на Македонците не смее да се преговара.

Двете Влади треба да преговараат, за конечно да заврши овој тежок период за нас, но не смее да се преговара за идентитетските прашања, не треба да се прифати ерга омнес, ниту менување на Уставот, рече тој во емисијата „Само вистина” на “Канал 5” телевизија.
Тој ги изнесе ставовите на МАНУ за актуелните случувања поврзани со процесот за името, политичката криза, Законот за употреба на јазиците, економските политики на Владата и перспективите на развој на највисоката научна установа во Република Македонија.
Фити преупреди дека ако дојде до промена на уставното име и ако Грција настојува да се промени името на јазикот, националноста итн, тогаш МАНУ веќе нема да се вика како што се вика, ниту НБРМ или другите институции кои во своето име го содржат термините “македонски”, “македонска”, “Македонија”.
– Апсурдни се барањата на Грција за едно име со географска одредница па споено во едно име на англиски, а читање како што пишува. Тоа е небулоза – смета првиот човек на МАНУ.
Околу политичката криза Фити смета дека таа е зад нас, но вели дека најголеми виновници за неа се политичките партии, посебно двете најголеми партии и нивните лидерства, изминативе 27 години независност.
Фити го задржа ставот постигнат на претседателството на МАНУ на 20 март, дека секоја заедница има право да бара унапредување на јазичните права, но дека единствен интегрирачки фактор во државата и натаму е македонскиот јазик.

Останати вести