Талат Џафери седна во претседателскиот кабинет во Собранието со две албански знаменца

Талат Џафери го презеде кабинетот на претседателот на Собранието. Иако немаше официјална средба со Трајко Вељаноски, собраниските служби велат дека примо-предавање имало и дека тоа минало во согласност со принципите на парламентаризмот.

Прв гостин во претседателските простории беше евро-амбасадорот Самуел Жбогар. Тој преку социјалните мрежи соопшти дека дошол лично да му го честита изборот на Џафери и да му порача дека Европската унија е подготвена со него да работи на неопходните реформи.
Испрати писмо до Иванов и летна за Брисел
Со собраниски печат, преку курир, Џафери веднаш му испрати писмо на претседателот на државата Ѓорге Иванов дека постои ново парламентарно мнозинство кое треба да добие мандат за составување на влада. Писмото е примено во “Вилата Водно”, ама Иванов деновиве не беше во земјата.
Инаку, Џафери веднаш по неговото преземање на функцијата собраниски спикер одлета за Брисел. Оваа посета требаше официјално да потврди дека ЕУ му ја признава новата функција. Тој таму се сретна со аврокомесарите федерика Могерини и Јоханес Хан.
“Собранието да продолжи со работа, да запрат провокациите и да се формира Влада”, е пораката од официјален Брисел.

ВЕЉАНОСКИ: Немаше никакво примопредавање на кабинетот

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, негира дека имало примопредавање на кабинетот со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
„Не, немаше никакво примопредавање на нелегитимно и неуставно избран претседател на Собранието”, пишува Трајко Вељаноски на својот фејсбук-профил.
Со овој статус Вељаноски ја негира информацијата на собранискиот сајт, во која се наведува дека „самиот чин на примопредавање беше извршен најнормално како што доликува на принципите на парламентаризмот”.

Останати вести