Прекрасна комбинација со Татијана, Џесика и Спасен

Двете атрактивни битолчанки, пејачките Џесика Палашоска и Татијана Стефановска, заедно со колегата Спасен Силјаноски и групата „Амадеус” минатава недела ја започнаа својата турнеја низ Австралија.

На првите настапи во Emerald и Ferraro рецепција во петокот и саботата во Мелбурн присутните уживаа во прекрасните гласови на овој млад и атрактивен тим кој нашата заедница може да го чуе во живо благодарение на организаторот на турнејата АММД “Никола Карев”.
На саботниот концерт настапија и играорците на АММД “Никола Карев”, кои се едни од најуиграните наши уметници и заслужено се сметаат за елитно друштво кое извонредно ја негува нашата култура во дијаспората.
Кичевчанецот Спасен Силјановски заедно со двете битолчанки се познати по создавање на прекрасна атмосфера која и овојпат дојде до полн израз на општо задоволство на публиката. Пред да заминат на турнејата, Џесика и Татијана снимија нови материјали. Татијана го сними албумот „Дарој свадбарски” а Џесика песната „Една е Македонија” и ги промовираа пред тукашната публика.
Сакајќи да и угодат на публиката, покрај тоа што пеат модерни песни, тие отпеаја и песни со печалбарски содржини, кои што се едни од најбараните на настапите во дијаспората.
Следнава недела продолжуваат концертите: во Сиднеј во петок, на 24 февруари, во Хрватскиот клуб во Панчбол и во сабота, на 25 февруари, во Рокдаел Илинден.

Останати вести