Во Тетово повторно професионален театар на македонски јазик

Тетово повторно добива театар на македонски јазик по 65 години од неговотго затворање

Во Центарот за култура во Тетово премиерно беше изведена претставата „Чернодрински се враќа дома” на Горан Стефановски, во режија на Дамјан Читкушев.

Со овој чин започна официјално да функционира професионален татар на македонски јазик во рамки на НУ “Тетовски театар”, каде веќе осум години постои професионален театар ама на албански јазик.
“Драго ми е што оваа единица започнува со реализација на претстави, што ќе придонесе за збогатување на културната понуда во градот. Постојниот театар веќе функционира одлично и е во постојана копродукција со други театри”, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска која присуствуваше на премиерната изведба на претставата што беше одиграна на сцената на Центарот за култура „Иљо Антевски – Смок”.
Таа потсети дека во градот веќе се гради објект наменет за театар и библиотека. „Работите добро се движат”, потенцираше министерката за култура.

Останати вести