Telehealth медицински прегледи

За време на коронавирусот, важно е да продолжите да одите редовно на медицинскипрегледи, особено ако имате хронично или постоечко заболување.

Сеуште е безбедно да го посетувате вашето медицинско лице. Кога одите на преглед, следете ги упатствата што ви ги даваат. Тоа вклучува носење на маска (вашето медицинско лице може да ви даде маска), дезинфекција на рацете кога доаѓате и влегување низ одвоен простор.
Ако имате симптоми на КОВИД-19, речете му го тоа на медицинското лице кога го закажувате прегледот. Исто така пријавете ако неодамна сте патувале или ако сте имале контакт со некого со КОВИД-19. Носете маска кога одите на преглед и запамтете секогаш да се држите најмалку 1,5 метар подалеку од другите луѓе. Покривајте ги устата и носот со лактот кога кашлате и кивате.
Telehealth прегледи
Telehealth прегледи се здравствени консултации по телефон или видео-конференција. Тоа ви овозможува да му се јавите на вашиот доктор и да разговарате со него без да излегувате од дома. За тоа не ви треба специјална опрема и може да го користите вашиот телефон или компјутер. Вие и вашето здравствено лице ќе одлучите кој е најдобриот систем за користење со оглед на вашите потреби.
Доктори, медицински сестри и професионалци за ментално здравје може да извршуваат telehealth прегледи. Секој со Medicare карта има право на telehealth услуги. Вашиот доктор може да ви даде рецепта на хартија или, по telehealth консултацијата, да прати електронска копија на рецептата до вашата аптека.
Домашна испорака на лекови
Вашите лекови може да ви бидат донесени дома. Домашната испорака е добра опција ако сте во изолација или сте почувствителни на некоја сериозна болест, или ако повеќе сакате да останете дома.
Јавете се на вашата аптека или проверете на нивната веб-страница за да проверите дали испорачуваат лекови дома. Можеби ќе можете лекот да го нарачате по интернет или по телефон.
Ако имате рецепта на хартија, мора да ја пратите на аптеката по пошта или некој да ја однесе таму, пред тие да го испорачаат лекот.
Ако вашиот доктор прати дигитална копија на рецептата, аптеката ќе го прати лекот на адресата напишана на рецептата.
Поддршка за ментално здравје
Коронавирусот го менува начинот на кој живееме и го минуваме времето со тие кои ги сакаме.
Пандемијата ќе биде со нас уште многу месеци, па е важно да се грижиме за нашето ментално здравје исто како за физичкото здравје.
Останете во врска со пријателите, роднините и заедницата преку телефон или интернет.
Ако се чувствувате под стрес, тажни, уморни, вознемирени или лути, знајте дека е тоа нормално и не се плашете да побарате помош.
Повеќе информации за КОВИД-19
Важно е да бидете информирани од официјални извори. Посетете ја интернет-страницата health.gov.au, јавете се на дежурната линија за коронавирус (Coronavirus Helpline) на 1800 020 080 или на преведувачката служба на 131 450.

Останати вести