Засилени подготовки за Австралијан Опен во тенис 2016

Како што е познато Австралискиот Опен во тенис 2016 година ќе се одржи од 18 до 31 јануари идната година во Мелбурн. Подготовките за турнирот засилено се одвиваат, а за време на АТП мастерсот во Шангај официјално го промовираа легендарниот Род Лавер и Рафаел Надал за време на бизнис појадокот.

Истовремено во Мелбурн Танас Кокинакис заедно со 101 дете ја водеше парадата на која беа присутни и претседателот на Тенис Австралија Стив Хели, директорот на турнирот Краиг Тилај, благајникот на Парламентот на Викторија Тим Палас и градоначалникот на Мелбурн Роберт Дојл.
Официјално е објавено дека наградниот фонд ќе биде зголемен за 10 проценти или поточно за 4 милиони долари и ќе изнесува вкупно 44 милиони долари (лани беше 40 милиони долари).
Исто така ќе бидат отворени седум нови ресторани за посетителите, а околу терените ќе бидат поставени и станици за полнење на мобил телефоните.
Картите се веќе пуштени во продажба.Така, на пример, финалето во машка конкуренција ќе чини 395 долари, а во женска 195 долари. Другите карти се разновидни, а најевтини се оние кои ќе ги следат натпреварите на другите помошни терени.
Што се однесува до календарот на тениските турнири во Австралија, Хопман купот традиционално се одржува во Перт од 3 до 9 јануари, а шампиони од лани беа Радванска и Јаневич од Полска.
Интернационалиот турнир во Бризбен е од 3 до 10 јануари, а титулите од лани ги бранат Федерер и Шарапова. Интернационалниот турнир во Сиднеј е од 10 до 16 јануари, а шампиони лани беа Виктор Троицки од Србија и Петра Квитова од Чашка.
Турнирот во Хобарт е од 10 до 16 јануари, а Кујонг Класик во Мелбурн од 12 до 15 јануари. Овде лани победник беше Шпанецот Вердаско.

Трајче Бошковски

Останати вести