Љубителите на фудбалот останаа зачудени од сцените на масовна тепачка што се случи за време на натпреварот помеѓу група навивачи на Рокдаел Илинден и Сиднеј Јунајтед 58, без некој посебен повод или причина.
Иако натпреварот заврши досадно без победник, имаше искри на теренот во завршницата а на крајот настана општ хаос околу стадионот, при што се користеа бројни „реквизити”, а меѓу нив имаше и сечило извадено од косилка, гајби, камења, цигли, факели, палки…
Полицијата објави дека инцидентот започнал откако еден навивач влегол на теренот и тргнал да се тепа со еден од гостинските играчи.
„Тој потоа беше исфрлен од теренот и тоа ги зголеми тензиите, но тоа не е изговор за вакво однесување. Благо кажано е дека сум згрозен од ова однесување”, изјави детективот Тони Кук за медиумите.
Видео снимките што се направени со мобилни телефони ќе бидат од голема помош за полицијата и ќе има сериозни прашања каде беше обезбедувањето на оваа средба. Иако некои од насилниците сега ќе сакаат да се кријат, а прашања ќе има повеќе и не само за инцидентот надвор од теренот после средбата. На социјалните мрежи се споделуваа видеа од инцидентот, на кои се гледа како навивачите се пресметуваат со пластични гајби, камења, цигли, метални шипки и факели.
Негативен е моментот кога поддржувач на Рокдаел Илинден во 80 минута ја прескокнува оградата и напаѓа играч на Сиднеј Јунајтед 58 во една турканица на теренот помеѓу двете екипи.
Полицијата веднаш реагираше и уапси 10 навивачи, а неколку од нив беа пуштени откако дадоа изјава, додека службите бараат уште седум лица и тоа се претежно навивачи на гостинскиот Сиднеј Јунајтед 58.
Сите на крајот сме губитници за некои луѓе кои на кои едно пиво им е малку а две им се премногу.


