Терористи можеби планираат напади при одбележувањето на Битката кај Галиполи

Властите на Австралија соопштија дека добиле информации оти терористи „можеби планираат” напад за време на одбележувањето на годишнината од Битката кај Галиполи во Турција, кон крајот на овој месец.

– Австралиската Влада доби информација, која наведува на заклучокот дека терористи можеби ќе се обидат да извршат напад за време на одбележувањето на Битката на Полуостровот Галиполи, изјави министерката за надворешни работи Џули Бишоп.
Таа нагласи дека и турските власти „имаат ваква инфромација”, додавајќи дека тие „традиционално гарантираат високо ниво на безбедност при одбележувањето на битката”.
Одбележувањето на годишнината на Битката кај Галиполи од 1915 година е предвидено за 25 април. Тоа е прва голема битка во текот на Првата светска војна во која учествувале војници од Австралија и Нов Зеланд.

При одбележувањето на годишнината, вообичаено местото на битката во Турција го посетуваат голем број Австралијаци и Новозеланѓани.
Австралиското Министерство за надворешни работи им препорача на сите што патуваат во Турција да бидат многу внимателни и да ја „преразгледаат неопходноста за патување во Анкара и Истанбул”.

Останати вести