Ова предупредување доаѓа од човек кој во тоа се разбира – станува збор за Марк Мардок, шеф во заминување на одсекот за борба против тероризам на полицијата на НЈВ.
„Не ми е драго што ова го кажувам, но тоа ќе се случи. Тоа е неизбежно” – изјави помошникот комесар на полицијата за антитероризам кој ужива значителна почит во професијата.
„Покрај се што е направено и добрата работа на разузнавачките служби и агенцијата за заштита на законот, без желба во општеството да се создава непотребен страв, но тоа ќе се случи. Од опсадата во кафулето Линдт, во декември 2014 година, полицијата во Сиднеј успеа да неутрализира три ќелии на фанатизирани џихадисти. Но, ризикот е понатаму останува кај осамените поединци или групи за кои властите не знаат, како што беше случај во наводната завера во јули годинава да се предизвика експлозија во авионот на Етихад кој полета од Сиднеј” – вели Мардок. Денес, браќата Халед Хајат (49) и Мухамуд Хајат (32) се во затвор, обвинети за наводен план во авион да прошверцуваат бомба скриена во машина за мелење месо.
„Можеме да се носиме со тоа што го знаеме, но и не со тоа што не го знаеме, а тоа е подрачје каде се крие опасноста” – вели помошникот комесар на полцијата кој за шест недели ќе оди во пензија. Покрај тоа што нема сознанија за одредена терористичка намера, нивото на закана во Австралија останува на нивото „можно”. Тоа значи дека постојат убедливи разознувачки податоци за поединци или групи кои имаат намера и способност да изведат напад. Мардок исто така вели дека не е можно да се изгаснат интернет џиновите како што се Гугл и Фејсбук, кои можат да послужат за ширење терористичка пропаганда за привлекување, нови, млади регрути,
„ASIO ни вели дека профилот (на терорист) укажува на осамен волк или помала група, вооружени со едноставни видови оружје и возила. Тоа би било профил за оние кои претставуваат закана. А тогаш, одеднаш, добивме нешто што би било машина за мелење месо. Што тоа кажува? Дека, додека до следните разознувачки извори гледаме во една насока, потребно е да имаме отворен ум во оваа работа, затоа што во било кое време може да се случи било што.” Помошникот комесар искрено вели дека работата го „држи буден”. „Се прашуваш себе си дали си направил се што е можно за да се избегне напад. И кога ќе дојдеш дома, не можеш само да се исклучиш, како прекинувач”. Мардок е поставен за шеф на контратерористичкиот одсек во јули 2014 година, пет месеци пред смртоносната заложничка криза во кафулето Линдт. Тој таа вечер во 21:30 часот ја предал командата во криза на помошниот комесар Марк Џенкис. Во својот исказ за доцната истрага за тој случај, јавно призна дека очекувал полицијата да упадне во кафулето, веднаш откога Ман Монис го испукал првиот куршум, наместо да се чекало уште десет минути во кои е убиен заложникот Тори Џонсон.