Осамениот терорист кој уби човек на улицата Bourke во Мелбурн им бил познат на властите поради неговите радикални ставови, а поради загриженост дека би можел да замине за Сирија одземен му е пасошот во 2015 година, вели федералната полиција.
Пред две седмици во попладневните часови, 30-годишниот Hasan Khalif Shire All со својот автомобил се паркирал на улицата Bourke го отворил резервоарот со плин со цел да предизвика експлозија, но како што велат од полицијата, не успеал во својот обид. Shire Ali кој е роден во Сомалија, со нож избоде три лица, 74-годишен сопственик на италијански ресторан Систо Маласпино кој починалж на местото на злочинот и уште две лица кои сега се опораавуваат во болница во Мелбурн.
За време на нападот полицијата и цивили се обиделе да го сопрат Shire Ali, но потоа млад полицаец, кој пред само три месеци излегол од полициската академија, му пукал во градите. Shire Ali починал во болница.
Начелникот на полицијата Грахам Аштон вели дека планот на Shire Ali „не бил софистициран”, автомобилот се запалил, но не експлодирал. Полицијата е убедена дека станува збор за терористички напад за кој одговорност превзема Исламската држава. Иан Мекартни заменик начелник на Австралиската федерална полиција рече дека Shire Ali од порано е познат по радикалните ставови и во 2015 година му е одземен пасошот. Тој верува оти Shire Ali бил „инспириран” од Исламската држава, но немал директни врски со таа организација.
„Во тоа време проценивме дека оваа личност не претставува опасност. Очигледно истрагата ќе ја насочиме кон тоа како, зашто и кога се случила радикализацијата” – изјави Мекартни.
Полицијата во заедничката изјава потврди дека заеднички противтерористички тим на истражители направиле претрес на двете адреси во предградијата Werribee и Meadows Helghts.
Градоначалничката на Мелбурн Сали Цап и се заблагодари на полицијата за брзата акција за намалување на штетата и повторното отворање на оваа област за употреба во саботата наутро. На прашањето дали полицијата требало да пука во ногата на Shire Ali наместо во градите, Аштон изјави дека полицијата е тренирана да пука за да убие ако верува оти во опасност се нивните животи или животите на граѓаните.
„Не ја тренираме полицијата со оружје да ранува луѓе. Ја тренираме да пука и да убие, а не да пука и рани” – вели тој.
Исто така рече и дека нема познати врски со James „Dimitrious” Gargasoulas на кому моментално му се суди по шест обвиненија за убиство на минувачи во улицата Bourke во јануари 2017 година. Резултатите од аутопсијата на телото на Shire Ali се очекуваат за неколку денови кога истражителите ќе можат да коментираат дали бил под влијание на дрога. Лидерот на опозицијата на Викторија Матју Гај рече дека „крв на улиците” не е нешто што смее да стане стандардна појава во Мелбурн и повика на „посилни закони” за градот да биде побезбеден. „Мојот став е јасен: оние кои ќе повторат насилни прекршоци треба да се соочат со задолжителна затворска казна, а ако лицата не се граѓани на Австралија треба да се депротираат” – изјави тој.