Инцидентот во Мелбурн е тероризам, напаѓачот мртов. Австралиската полиција смета дека нападот со нож во Мелбурн е терористички инцидент, изјави полицискиот комесар на државата Викторија, Грахам Ештон.
Инцидентот почна откако полицијата била повикана поради запалено возило на улицата Бурк во близина на улица Свонсон.
Полицијата пристигна на местото на терористичкиот напад откако возилото било удрено и се запалило во 16:20. Возачот тогаш излегол од колата Холден Родео во пламен и почнал да ги боде со нож случајните минувачи, притоа повредувајќи две лица и убивајќи едно.
Сето ова се случуваше пред голем број луѓе и многумина со мобилните телефони во живо го пренесуваа фанатичниот црнец роден во Сомалија како врши крвав пир извикувајќи “Алах уакбар”. Полицијата подоцна го идентификуваше напаѓачот како 30 годишниот Хасан Калиф Шајр Али.
Во исто време херојски еден од пешаците им се придружи на полицајците напаѓајќи го двапати терористот со метална количка од супермаркет.
Оваа акција на храбриот минувач беше можеби и пресудна за да нема повеќе жртви. Потоа уште еден минувач со столче од кафулето замавна кон терористот во моментот пред да биде застрелан.
Полицајците кои не очекуваа вакво однесување од напаѓачот беа фатени неподготвени и неколку пати замавнувањето на Хасан Калиф беше блиску до целта. Вмешувањето на храбрите минувачи кои им овозможија во неколку секунди да се соземат полицијаците што очигледно беа во шок. На крајот помладиот полицаец кој завршил полициска академија само пред три месеци пукаше од непосредна близина како што ги тренираат кога нивниот живот или на цивилите е доведен во опасност.
Специјалната полиција во сабота во 2 часот наутро влезе во куќа во Вереби која е на Мохамед Калиф, таткото на терористот и во уште една во Медоу Хајтс каде што живеел Хасан Калиф со својата жена. Оваа фамилија е позната по своите терористички активности во Австралија, и неговиот брат Али Калиф е моментално во затвор поради планирање во 2017 година да направи терористички напад за Нова Година на плоштадот на Федерацијата. Фамилијата Калиф се дојдени во 1990 година како бегалци од Сомалија, и живеат во северозападните предградија на Мелбурн.
Како што спласнува адреналинот дознаваме дека убиениот човек во Мелбурн е Систо Маласпина, сопственикот на познатото кафе “Pellegrini’s”. Се смета дека тој дотрчал мислејќи да му помогне на терористот кој ја запалил колата. Двајцата од преживеаните од нападот беа и 26–годишен неидентификуван човек кој работел како обезбедување и 58– годишниот Родни Патерсон од Тасманија, кој беше прободен со нож во главата. Тој одел по улицата Бурк во центарот на градот заедно со својата жена Мари кога се нашол во хоророт што им го приреди Хасан Калиф. И тој се залажал да му помогне на фанатизираниот исламист мислејќи дека после сообраќајката колата се запалила и му треба помош. Но како награда допил нож во главата.
Во Викторија постојат околу 300 луѓе кои полицијата ги следи како потенцијални исламисти, меѓу нив бил и напаѓачов чиј пасош бил одземен повеќе години. Можеби било подобро да се депортира заедно со целата негова неблагодарна фамилија. Калиф Хасан имал претходни осуди за крадење и дрога. Од полицијата дознаваме дека во изгорената кола имало повеќе цилиндри со гас кои придонесле за интензивниот оган и експлозиите.
Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Мелбурн
Напаѓачот кој минатиов петок во центарот на Мелбурн до смрт избоде едно лица а три други беа повредени, почина во болница откако беше застрелан од полицијата. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде Исламската држава. Властите соопштија дека во возилото имало боци со гас кои биле запалени од страна на напаѓачот. Комесарот на полицијата изјави дека тие биле повикани поради возило што горело во центарот на градот, а по пристигнувањето на местото биле нападнати од возачот на автомобилот. Како што се наведува, тој во 2015 година планирал да замине во Сирија, но било проценето дека не претставува опасност по државната безбедност.

