Владата на Малком Трнбол ќе биде со најмало можно мнозинство или со коалиција со независни пратеници.
Пред Малком Трнбол е тежок период, бидејќи ќе се соочи со голем број непријатели кои доаѓаат од сите страни, па дури и од неговите редови, а ќе треба да се соочи и со Сенатот во кој нема мнозинство. Кампањата на лабуристите околу здравството (Medicare), беше ефективна и функционираше, затоа што достави податоци од терен дека луѓето имаат причина за загриженост. Трнбол ветуваше стабилност очекувајќи луѓето да заборават на кој начин дојде до својата позиција. Бидејќи засега тешко доаѓа до минимално парламентарно мнозинство, не е неразумно да се праша на кој начин ќе се пробие низ останати препреки кои доаѓаат. Неговиот интелект не е доведен во прашање, но под знак на прашање ставена е неговата способност да ги обедини луѓето и успешно да ги оствари своите скромни цели во двата дома на парламентот. Тешко е да се замисли како неговиот најнов предлог за намалување на данокот на компаниите ќе помине кај Сенатот. Од друга страна Бил Шортен му одржа лекција по политика. Лидерот на опозицијата направи извонредна кампања иако поголемиот број медиуми како и многумина од неговата партија предтоа го отпишаа.
Силата на независните пратеници: Пет пратеници во Долниот дом кои ќе бидат пресудни во парламентот без јасно мнозинство:
1. Rebehak Sharkie од тимот на Nick Xenophon ја освои изборната единица Mayo во Јужна Австралија. Изборната единица која се сметаше дека е наклонета кон либералите односно кон поранешниот независен пратеник Jamie Briggs.
2. Боб Катер – лидер на Катеровата австралиска партија лесно ја освои својата изборна единица Кенеди во северен Квинсланд, освојувајќи дури 11 одсто повеќе од очекуваниот број гласови од нивните постојани гласачи. Катер вели дека веќе работи на листа на барања за да овозможи составување мнозинство во парламентот и сака да разговара со другите независни пратеници, што е можно побрзо.
3. Cathy McGowan – независна пратеничка која ја освои изборната едница Инди, по втор пат, од кога ја превзема од пратеничката на либералите Sophie Maribella во 2013 година.
4. Adam Bandt – пратеник на зелените, трет пат по ред на федералните избори победи во изборната единица Мелбурн.
5. Andrew Wilkie – независен пратеник од изборната единица Denison во Тасманија по трет пат победува на изборите во својата изборна единица. Бројот на гласови кои ги освои е двоjно поголем во однос на неговиот против кандидат од редовите на лабуристите Jane Austin.
Како што се смирува ситуацијата по изборите, двете големи партии имаат за што да бидат загрижени. Лабуристите вратија нешто од гласовите, но поддршката од гласачите и понатаму е на најниско ниво од било кога. Либералната партија исто така претрпе голема загуба. Бројот на гласачи кои имаа намера „да гласаат за други” порасна на 13 одсто. Се е поголем бројот гласачи кои ја отфрлаат вообичаената политика. Паралелите меѓу двете големи партии е застрашувачка. Лабуристите го сменија Кевин Рад со Џулија Гилард во првиот мандат во 2010 година и од изборот добија парламент во кој ниту една партија немаше мнозинство. На Коалицијата тоа и се случи минатата година со смена на Тони Абот со Малколм Трнбол и денес се соочува со истата иднина.
Резултатите од 2016 споредено со историските податоци
Досегашните разултати од изборите покажува дека помалите партии и независните кандидати добија најголем број гласови до сега.
Речиси четвртина Австралианци својот глас го дадоа на некои други партии, а не на лабуристите и Коалицијата, тренд кој продолжува од изборите во 2007 година, а кој е најавен од изборите во 1998 година.
Според сегашните податоци лабуриститие добија 34,9 одсто гласови, претставник на либералите Scott Morrison во текот на изборната ноќ изјави дека ова е втор по ред најслаб резултат на лабуристиите од 1949 година.
Што е со сенатот?
Броењето гласови за место во Сенатот трае подолго отколку за Долниот дом па ќе биде потребно повеќе време. Резултатите до сега покажуваат на тоа кој и да формира влада мора да соработува со значителен број независни пратеници, вклучувајќи: Pauline Hanson, која во парламентот ќе се врати како сенаторка. Според досегашните пребројани гласови, примарна подршка на Колацијата од 41,2 одсто може да биде четврт најслаб резултат во последните 60 години, слично ниво имаше во текот на големиот пораз од лабуристит под водство на Kevin Rudd во 2007 година. Зелените добија некои гласови кои ги загубија на минатите избори, и освоија 10,2 одсто гласови.
Колку е чест ваков тесен резултат на изборите?
Моментално во парламентот има 150 места, поради тоа која партија да сака да има мнозинство мора да освои 76 места. Ова е навистина историски тесен резултат на изборите. Најголемото мнозинство во парламентот е остварено на изборите по распуштање на двата дома на парламентот и распуштање на владата на Whittlam во 1975 година.