ВБА го отфрли позитивниот допинг тест, Браун повторно ќе се бори за светската титула

Лукас Браун во март го нокаутираше Руслан Чагаев со што стана првиот австралиски светски шампион во тешка категорија.

Два месеци подоцна титулатаму е одземена откако беше објавено дека бил позитивен на допинг тестот и вратена на Чагаев со услов повторно да се бори со Фрес Окуендо.
37-годишниот Узбекистанец во меѓувреме се пензионираше поради здравствени причини.
Светската боксерска асоцијација одлучи да го врати 37-годишниот Австралиец од НЈВ во првите пет на ранг листата и решени да се бори за испразнетиот наслов со Окуендо за „редовен” шампион (Тајсон Фјури е „супер” шампион) во рок од 120 дена.
Во соопштението на ВБА се наведува дека „малку е веројатно дека Браун намерно или доброволно земал кленбутерол во една доза неколку дена пред борбата, бидејќи таква количина не би му донела никаква предност”.
Исто така е нагласено дека Браун доброволно се согласи на ВАДА тестирање и поминал ненајавениот тест на 29 февруари, само пет дена пред борбата.

Останати вести