СЗО: Tестирањата не ги дадоа очекуваните резултати

СЗО ја изгуби надежта дека имунитетот на крдото ќе го забрза олабавувањето на мерките за заштита, пишува „Гардијан”.

– Релаксирачките мерки не означуваат крај на епидемијата во една земја, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, на брифингот за медиумите во Женева. Сепак, серолошкото тестирање за да покаже колкав процент од популацијата се заразилe и развиле антитела, што исто така треба да значи дека тие развиле некаков имунитет, покажа дека тој број всушност е многу мал.
– Нашите податоци сугерираат дека релативно мал процент од населението можело да биде заразено. Не повеќе од 2 до 3 проценти, рече Тедрос. Д-р Марија Ван Керхове, американски експерт за заразни болести и технички директор на СЗО, смета оти бројот на заразени ќе биде поголем, но дека сè уште е рано да се дојде до заклучоци.
– Утврдивме помал процент на луѓе со антитела отколку што очекувавме, рече таа. – Помалку луѓе биле заразени.
Инаку, резултатите од една студија во Калифорнија покажаа дека бројот на заразени може да биде 50 до 85 пати поголем од официјалниот. Прелиминарната студија, спроведена од истражувачи од универзитетот Стенфорд, проценува дека меѓу 2,5% и 4,2% од жителите на округот Санта Клара имале антитела на коронавирус во крвта на почетокот на април. Иако округот пријавил околу 1.000 случаи на почетокот на април, истражувачите од Стенфорд проценуваат дека вистинскиот број е помеѓу 48.000 и 81.000, или 50 до 85 пати поголем. Студијата спроведена во Холандија врз 7.000 доброволни донатори на крв, исто така, открила дека антитела биле развиени од само околу три проценти од луѓето.

Останати вести