При тестирање на отпадни води, откриен е КОВИД -19 во три држави

Жители на неколку предградија ширум Австралија се молат да се јават на тестирање на КОВИД ако забележат било какви симптоми откога при тестирање на отпадни води откриени се траги на коронавирусот.

Трагите на вирусот се откриени во погони за процесирање отпадни води во Квинсленд, Викорија и Нов Јужен Велс. Лица кои биле позитивни на КОВИД можат да лачат фрагменти на вирусот уште неколку недели откога повеќе не се заразни. Но, здравствените власти на Викторија и понатаму се внимателни по појавата на кластерот во Холидеј ин поради кој беше воведено ограничување на движењето во траење од пет денови.
Во Мелбурн се молат да се тестираат сите оние кои неодамна ги посетиле Carrum Downs, Langwarrin и Skye дури и ако имаат најблаги можни симптоми на болеста КОВИД – 19.
Ова известување е издадено откога фрагменти на вирусот се најдени во два примероци на отпадни води земени кон крајот на февруари.
Траги на вирусот се откриени во Мелбурн во примероци на отпадни води земени од областите Wantrinа South и Boroniа, St Kild East, Caulfield North како и областите: Taylors Hill, Plumpton, Hillside, Sydenham, Delahey, Caroline Springs, Burnside Heights, Kings Park, Albanvale, Burnside и Deer Park..
Фрагменити на вирусот се откриени во Квинсленд во погонот за прочистување отпадни води Kawan кој ја покрива областа Caloundrа и околните области на регионот Sunshine Coast.
Министерството за здравство на Нов Јужен Велс е свесно дека неодамнешните откриени позитивни случаи на КОВИД – 19 ги вклучува и патниците повраници со хотелскиот карантин кои живеат во обласите што ги опслужува погонот за прочистување отпадни води Auburn.

Останати вести