Тиквешка вечер во Сиднеј

 

Во Сиднеј в сабота, на 14 септември 2013 година се одржа традиционалната Тиквешка вечер, што редовно се одржува веќе 20 години, за да  се одбележи почетокот на бербата на грозјето во Тиквешијата и воопшто во цела Македонија. Тиквешката вечер помина во весела атмосфера, со убава музика на која покрај жителите на Сиднеј имаше и гости од другите краеви на Австралија, а беа присутни бизнисмени и истакнати лица од македонската заедница. Преубавата сала на Македонскиот спортски центар на Рокдаел до раните утрински часови беше исполнета и весела.

 

Останати вести