Тони Абот веднаш го отпушти преплатениот Тим Фланери

Фланери е еден од предвидувачите  дека до  2100 година голем дел од мразот на Земјата ќе се истопи и океаните ќе пораснат до еден метар ако човечкото општество продолжи да гори фосилни горива без мерка.

Една од првите одлуки на новата влада на Тони Абот, беше веднаш да се отпушти професор Тим Фланери кој добиваше $180,000 долари плата за неговиот  “парт тајм” придонес. Тој истиот професор тврдеше пред неколку години ќе има големи суши во Австралија и веднаш Сиднеј, Бризбен, Мелбурн и Аделаид  да изградат фабрики за десалинизација на вода.  Епилогот е се случуваат големи поплави а само за фабриката за десалинизација во Мелбурн во наредните 25 години ќе треба да се платат преку 28 милијарди долари без да произведе една чаша вода. Неговите совети и предвидувања беа  главниот двигател зошто се воведе данокот на јаглерод  од  владата на Џулија Гилард. Скептиците во врска со климатските промени често се разијдуваат околу  периодичните извештаи,  противејќи се дека тврдењата се пишуваат рутински и ги развлекува границите на научните докази за проблемот да изгледа што е можно пострашно. Во изминативе десетина години сведоци сме дека Земјата се заладува а не дека се затоплува, северниот и јужниот пол имаат рекордно ниво на лед.

Покрај Тим Фланери, работата како советници ја загубија уште пет научници кои ќе и заштедат на Владата преку 1,6 милиони долари годишно. Нивната работа ќе ја продолжи одделот за природа кој ќе продолжи да и дава совети на Владата и нема да има потреба од дуплирање на работата во иднина.

Останати вести