Минатата седмица имаше ужасен напад врз Мишел Андерсон, 15 годишна тинејџерка во Мелбурн што предизвика бес откако се раширија снимки од бруталноста. Жртвата после овој напад е премногу уплашена за да поднесе обвиненија против напаѓачите.
Додека девојката чекала воз на станица Southern Cross Station во Мелбурн ѝ пришла група од околу осум млади црни луѓе. Видеото од нападот ја покажува младата бела девојка како седи на клупа додека црните девојки почнуваат да ја удираат со боксови и да ја клоцаат по главата. Жртвата преплашена не се ни обидува да ги блокира ударите со раката, но не возвраќа.
Мајката на жртвата, рече дека најлошиот дел од нападот не е снимен кога тинејџерката ќе ја тргнат за коса, кога е влечена по земја и газена. Таа наводно има скршени ребра, модринки на очите и по целото тело и потечена слепоочница.
Нејзината мајка им изјави на медиумите дека никој не дошол да ѝ помогне на ќерка ѝ, дури ни кога почнала да крвави од носот и од устата додека лежела на перонот. Тинејџерката, наводно, познавала една од своите напаѓачи и се шпекулира дека била нападната затоа што зборувала со момче во кое била вљубена една од напаѓачките.
Мајката на девојчето ја информирала полицијата во полициската станица во Данденонг за нападот, но тие одбиле да го истражат случајот, наводно тврдејќи дека им е потребна изјава од жртвата. Тотален апсурд е да се бара изјава од тинејџерката која после овој напад се плаши дека ќе ѝ се одмаздат ако поднесе обвиненија против групата. Инцидентот предизвикува гнев дека властите главно молчат затоа што напаѓачите на девојчето се црнци. Засега Викториската полиција вели дека се запознаени со инцидентот но се уште нема апсења.
За жртвата е креирана страница GoFundMe и веднаш беа собрани околу 44.079 долари. Парите ќе бидат искористени за „да ѝ се овозможи да добие помош преку терапија, обука за физички боречки вештини за да ѝ се врати самодовербата и повторно да излезе од дома со малку помалку страв и, ако е можно, нешто за нејзино уживање – одење на викенд или одмор за да ѝ покажеме колку љубов постои за да не се чувствува сама”, напиша авторот на иницијативата.
