Симовски: Забележлив е тивок бојкот на пописот во Австралија

Одзивот на пописот во дијаспората е добар, но во некои земји забележлив е тивок бојкот, вели првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, посочувајќи ги Австралија, но и САД и Канада.

– Ако ги погледнете податоците, ќе видите дека дневно се попишуваат некаде над 4.000 луѓе, што е одлично темпо. Но ако ги погледнете по земји, ќе видите дека некаде навистина има бојкот. И имаме информации. Имавме информации, на пример, за Северна Америка, дека јавно се агитирало и се јавуваат по мејлови на нашите иселеници да не учествуваат во пописот. Но потоа истите тие да им пишуваат “јавувајте се на пописот”, изјави Симовски.
– Очигледно е дека и во Австралија имаме голема антикампања. Меѓутоа, тоа е тоа, што да речам. Ако некој ѝ мисли лошо на државата и своите граѓани, тогаш тоа е тоа. Не постои начин да ги спречиме, рече Симовски.
Тој уште еднаш ги охрабри иселениците да се попишат, со порака дека тоа е, прво, во нивен личен интерес, а потоа и во интерес на државата, за да се соберат информации колку и каде имаме македонски државјани.
Довиве Ицо Најдовски преку ФБ покажа на дело како успешно ја попишува неговата мајка, почината во 2017 година. Според него пописот е фалсификат во корист на Албанците. Без разлика колку Македонци ќе се попишат, смета тој, бројките се однапред договорени во политичкиот врв во Скопје.
За можноста и починати лица да бидат попишувани од свои блиски луѓе, директорот на ДЗС Апостол Симовски вели дека институциите имаат податоци за починатите лица и тие нема да бидат дел од пописот.
– Но ако некое лице кое има и друго државјанство, освен македонско, не е пријавено како починато, бидејќи никој не му ги променил документите, МВР ги пасивизира. Ниту едно лице кое починало нема да биде дел од пописот. Колку и да ги попишуваат, тоа ќе биде залудно, вели Симовски.
Има некои што му веруваат а други не. Процесот на попишување продолжува до 21 април.

Најдовски преку интернет ја попиша својата покојна мајка
Ицо Најдовски Перин, водител на програмата на македонски јазик на Радиотo 3ZZZ во Мелбурн, со јавноста сподели дека преку интернет системот на Државниот завод за статистика ја попишал својата мајка која е почината. Почитувани Македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на Албанците, објави Најдовски.

Останати вести