“То Вима“: САД инсистираат севернот сосед да се нарекува “Република Македонија“

Спорот за уставното име на Макeдонија брзо станува голем проблем меѓу Грција и САД, изјавиле странски дипломатски извори за весникот „То вима”, додавајќи дека САД го одбиле грчкото барање Скопје да учествува под привременото име ПЈРМ на разговорите за насилен екстремизам во Њујорк. 

Според дипломатски извори на кои се повикува весникот, нашата земја била поканета како „Република Македонија”, име кое САД гопризнаа во 2004 година, и покрај грчките приговори.
“Ова е вторпат американските власти да игнорираат вакво барање на грчката влада. Во декември 2014 година, ФИРОМ беше насловена како „Република Македонија” во заедничкото соопштение за формирање коалиција против таканаречената „Исламска држава”. Министерот за надворешни работи во тоа време, Евангелос Венизелос, упати официјална жалба до неговиот американски колега Џон Кери, и одлучи да не учествува на состанокот”, потсетува „То Вима”.
Дипломатските извори објасниле дека и во двата случаја, одбивањето на грчките барања дошло од помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд. Таа, според „То вима”, му рекла на грчкиот амбасадор во Вашингтон, Христос Панагопулос подобро директно да се позанимава со темата, кога тој ја посетил со цел да се најде решение кое ќе гизадоволи двете страни.
“Прашањето дополнително се комплицира од фактот што Грција е поканета на денешниот состанок во својство на набљудувач, со оглед на тоа што не учествуваше на минатогодипниот прв состанок и не се соочи со какви било проблеми поврзани со насилен екстремизам. Како таква, Атина нема право да зборува или да поднесе жалба. Останува непознато дали Грција ќе биде претставена на состанокот. Во случај Грција да присуствува, неизвесно е кој ќе ја претставува, со оглед на тоа што идејата на господинот Ципрас е одбиена”, пишува „То Вима”.
Грчките медиуми пренесуваат: Кери побарал од Ципрас нов предлог за името во ноември

САД имаат разбирање за грчката должничка криза и новата влада на премиерот Алексис Ципрас има целосна поддршка во напорите за решавање на проблемите, но за државниот секретар на САД, Џон Кери, прашањето за името на северниот сосед и кипарскиот проблем се високо во агендата на односите меѓу двете земји, тврди грчката телевизија “Стар”.
Оваа телевизија тврди дека на средбата Кери-Ципрас, на маса било ставено и американското барање за нов поредлог за името.
,,За прашањето во врска со Скопје, г-динот Кери и предложи на грчката страна да достави нов предлог во ноември и побара да се направат напори за изнаоѓање решение, додека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун вети дека ќе притисне да се реши прашањето за името”, објави телевизија “Стар”, повикувајќи се на владини извори.
Всушност, грчкиот премиер Ципрас пред заминувањето од Њујорк одржал кафе-средба и брифинг со грчките дописници од САД, при што разговарале за резултатите од посетата. Оттаму се и информациите.
Според телевизијата, потегот на Кери се оценува како притисок не само врз Грција туку и врз Македонија, бидејќи без решавање на името Македонија нема иднина ниту во НАТО, ниту во ЕУ, вели “Стар”.

Останати вести