ТОДОРОСКИ ПОСТИГНА ДВА ГОЛА

Два пати ја затресе мрежата – Никола Тодороски

НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА 3 ВО НЈВ, 8 КОЛО

Сиднеј Македонија – Данбар Роверс 4:3 (3:2)

На табелата, Сиднеј Македонија е на 4-то, а Роверс се на 11-то (претпоследно) место и само после 16 минути Роверс водеа со 0:2.

Во 3-тата минута Чкламовски (во казнетиот простор) направи непотребен фаул, а пеналот сигорно го изведе капитенот Брамбер.

Во 16 минута по грешка на Фаркас (со намера топката да ја врати до голманот), Незвал тоа го искористи и го зголеми водство на гостите.

Само што се тргна од центарот (17′) искусниот Крис Триантис го постигна првиот гол за Сиднеј Македонија.

Од тој момент фудбалерите на Сиднеј Македонија ја презедоа иницитивијата, а како резултат на тоа постигнаа уште два гола.

Во 32′ Чкламовски како “стрела” продре по левата страна, го проигра Смит кој несебично го послужи Тодороски и резултатот беше изедначен.

Десет минути покасно (42′,) реприза од вториот гол само овој пат Крис Триантис го проигра Смит кој повторно го послужи Тодороски и водство на Сиднеј Македонија.

Во 65-тата минута Сиднеј Македонија го зголеми водството на 4:2, а стрелец на голот беше Нието Рава.

На десет минути пред крајот на натпреварот (по фаулот на Петер Триантис) од пенал, капитенот на гостите Бамбер го постави конечниот резултат на овој натпревар.

К.М.

Имаа жестоки дуели “Давид и Голиат” – Тод Бамбер и Нието Рава

Постигнаа по два гола – капитените, Тодороски и Бамбер

Останати вести