ТЕНИС: Томич предаде меч по само 8 минути

Бернард Томич се повлече од мечот од првото коло на Италијанскиот опен против Французинот Беноа Пер по само осум минути игра поради болест.

Пер водеше само со 2:1 кога 23-годишниот Австралиец го шокира противникот и публиката во Рим со предавање на мечот по кратката консултација со својот лекар по медицинскиот тајмаут.
Ова е нова контроверза за Томич, кој сега има пораз во првото коло на последните три турнири. На Мадрид опен во понеделникот, Томич беше критикуван кога меч-поенот во мечот со Фабио Фоњини го пречека со „превртен” рекет.
По критиките дека не ја почитува играта, тој изјави дека „има 23 години и 10 милиони долари во банка” и дека не му е грижа за меч-поенот. Ова наиде на остри критики, а реагира дури и светскиот рекет број 1, и негов повремен тренинг-партнер Новак Ѓоковиќ, кој изјави дека Австралиецот со хрватско потекло мора да се концентрира на тенисот.

Останати вести