Австралискиот тенисер со хрватско потекло, Бернард Томиќ (23), нема да биде дел од австралискиот олимписки тим кој ќе учествува на претстојните ЛОИ во Рио, со образложение дека поради згуснатиот распоред на турнирите од АТП серијата, на кој планира да настапи, нема да биде во можност соодветно да се подготви за претстојната Олимпијада.
Неговиот настап за репрезентацијата на Австралија и така беше доведен во прашање, по скандалозниот потег на АТП мастерсот во Мадрид, кога при меч поен на противникот, го сврте рекетот од обратна страна, и на тој начин покажа непочитување кон тениската игра.
Инаку Томиќ, кој е најдобро рангираниот австралиски тенисер на АТП листата, заедно со Киријос, беа главната надеж за освојување на медал на тенискиот турнир на Олимпијадата во Рио.