Ник Грајнер, новиот федерален претседател на Либералната партија планира да го повика Тони Абот на разговор и да го замоли да престане да ги поттикнува дисидентите во владата на Турнбул.
Поранешниот премиер на Нов Јужен Велс, вели дека партијата ќе ги загуби следните избори, ако не се претстави како обединета во австралиската јавност, која веќе еден месец е сведок на внатрешнопартиските борби кои ги предводи поранешниот прајминистер. „Затоа е тоа така едноставно” – предупреди Грајнер. Изјави и дека додека владата разговара сама за себе, лидерот на лабуристите и опозицијата Бил Шортен „целосно излегува од контрола”.
„Сметам оти при тоа мораме да се однесувавме како возрасни лица. Сите разбираат оти лицето кое го загубило местото прајминистер на начин на кој се случи има различни емотивни реакции во јавноста” – рече тој.
Тој призна дека нема одговор, а дури и кога би го имал, нема ниту сила ниту капацитет да го спроведе. „Ова е за парламетарна пауза” – рече тој. Лидерот на коалиуциониот партнер од Националната партија и воедно заменик прајминистер Барнаби Џојс ги изрази своите фрустрации над постојаните внатрешни борби на либералите, постариот партнер на владеечката коалиција.