Креации на Тони Матичевски на ревија на Myer

Најголемата австралиска стоковна куќа Myer организира свечена ревија и вечера за избрани гости во необична хала во склоп на резерватот Barangaroo во Сиднеј на која беа претставени и креации на познатиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски.

Креаторот кој важи за еден од најдобрите и најуспешните австралиски ди­зајнери ги облече супермоделот Шанина Шајк и популарната Џенифер Хокинс, заштитно лице на Myer. На ревијата со која стоковната куќа ги најавува трендовите за тамошната сезона есен 2016, беа претставени и други колекции на австралиски креатори и светски брендови, како Алекс Пери, Sass&Bide, Џорџија Алис, Питер Пилото, Aje, White Suade „Балман”, но најголемо внимание привлекоа оние на Матичевски.

Останати вести