Топли раце – индикатор на ризик од повеќе болести

Доколку некој ви каже дека рацете ви се многу топли, веројатно би го занемариле тоа, но ние ве советуваме да обрнете внимание на ова затоа што последиците кои може да ги има по вашето здравје се застрашувачки. 

Висок крвен притисок – Кога рацете ви се постојано жешки, ова може да укаже на неколку состојби а една од нив е висок крвен притисок.

Целулитис – Целулитис е акутна инфекција на кожата. Доколку рацете ви се врели, постојано ви се потат и можете да забележите црвенило, посетете лекар.

Ревматоиден артритис – Топли раце се исто така показател дека во телото се јавува хронично воспаление, и обично станува збор за ревматоиден артритис, која се манифестира со топлина, болка во зглобовите и прстите на рацете и на тешко движење на дланките.

Карпал тунел синдром – Покрај топли раце, доколку изведувајќи ги секојдневните активности почувствувате ненадејна, продорна болка која е проследена со грчеви и се движи од рачниот зглоб кон прстите голема е веројатноста да страдате од Карпал тунел-ов синдром.

Топлите раце може да упатат и на други болести како периферна невропатија, оштетени нерви, фибромијалгија, еритромелалгија итн. Доколку често ви се вжештуваат рацете обратете се на лекар со цел, доколу постои, да ја спречите болеста на време.

Останати вести