Дознаваме дека познатите филмски уметници, браќата Беби и Омер Закировски, заедно со Васко Тодоров, легендарниот “Тошо Малерот” од хумористичното трио на “К15”, снимаат скечеви на повеќе локации во Мелбурн.
Најавено е дека Васко, кој има скршена нога во лонгета извесно време, се фати за мотика “Batka Down Under и каминг сун ту а тв стејшн ниар ју”.
Во неколкуте фотографии се гледа дека свои улоги имаат и локалните музичари Томче Велевски и Љупчо Ангелевски, а тука е и сопругата на Љупчо, Сузе. Снимањето се врши во ресторанот “Канео” во Резерво, како и на плажа во мелбурншките предградија.
Томче ни изјави дека е задоволство да креираш нешто со легенда каков што е “Тошо Малерот”, кој е одличен за соработка и за муабет. Вистински скромен и народен човек.
