И судењето за „Тотал“ се врати од почеток, Латас по трет пат кажа дека не е виновен

Зад затворени врати минатата среда по третпат почна судењето за случајот „Тотал”. Кога новинарите влегоа во судница, судијата Ѓоко Ристовски им рече да почекаат, да не влегуваат, бидејќи требало најпрвин да се договорат?!

По 20 минути вратата се отвори и за јавноста, која не доби објаснување што се договарало во тајност и зошто беше неопходно да се отстрани од судница.
Судењето почна од почеток поради поминати 90 дена во кои не било закажано рочиште. Обвинетиот Драган Павловиќ Латас повторно се изјасни за вина и пред судот рече дека не се чувствува за виновен.
– Ниту суштински ниту фактички сум сторил даночно затајување, ниту се препознавам во обвинението. Не се чуствувам виновен бидејќи постапката се темели на неколку незаконски дејствија. Прво обвинителството достави вештачење од неовластен вештак.
Не се чуствувам виновен што имам седум решенија на УЈП, единствен овластен орган за утврдување на даноци, кои утврдиле дека не должиме даноци.
Како и секој друг управител кој работи според закон и јас сум дејствувал според решенијата на УЈП. И сега јас имам решенија дека фирмите не должат даноци. И на крајот очекувам судот да ги цени материјалните факти. Сите документи со кои судот располага укажува дека на писмено УЈП и сметководството потврдуваат дека тие фирми и јас лично даноци не должам. Не знам како јас да платам данок, ако УЈП вели дека јас не должам, рече Латас во своите воведни зборови.
По излагањето на Латас рочиштето се одложи за 22 октомври.
Случајот „Тотал” се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг”, „Медиамакс” и „Тотал медиа центар”.
Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади евра.

Сопругата и синот на Латас побарале бугарски пасоши?

На социјалните мрежи се појавија копии од наводните барања за бугарско државјанство на сопругата Марија и синот Јаков на Драган Павловиќ Латас. Барањето за Марија Павловиќ Латас е од 30 октомври 2017 а на Јаков Павловиќ Латас од 26 јули 2018 година.
Во 2016 година имаше шпекулации дека Драган и Марија се разведуваат.
Нема информација дали наведените лица добиле бугарско државјанство и пасоши.

Останати вести