Од 1952. до 1963. година, Велика Британија тестирала атомско оружје во Маралинга и Ему низините во Јужна Австралија и околу западноавстралиските острови Монте Бело, со дозвола на австралиската влада.
На ден 15 октомври 1953 година изведен е британски нуклеарен тест Тотем 1 во Јужна Австралија. Станувало збор за детонација на нуклеарна бомба со сила од околку 10 килотони (нешто помалку од бомбата фрлена врз Хирошима во 1945 година).
Тестот Тотем 1 бил втор по ред во британскиот нуклеарен тест. Имено една година порано, била изведена нуклеарна експлозија под името Операција ураган (engl. Operation Hurricane). За разлика од тестот Операција ураган, кој е изведен покрај брегот на Австралија (кај островот Montebello), тестот Тотем 1 е изведен длабоко на австралиското копно. Поради тоа владата на Австралија барала од Британците повеќе информации за тестирањето отколку за првиот тест. Тогашниот австралиски премиер Роберт Мензис дозволил британска нуклеарна проба без консултација со кабинетот, сметајќи дека Британија ќе ја заштити Австралија во „нуклеарниот свет”.
Да потсетиме, Австралија во тоа време не била британска колонија, туку независна држава. Тестот Тотем 1 изведен е на подрачјето наречено Emu Field, во Јужна Австралија. Точното место на експлозијата се наоѓало во Големата пустина на Викторија, околку 500 километри од градот Аделаид и околку 560 километри од градот Алис Спрингс. Иако се работело за пустинска и ненаселена територија, постојат обвиненија дека една група Абориџини биле зафатени со радиоактивни материи кои настанале како последица од експлозијата. Tie биле изложени на тешко ниво на радијација, по што многу луѓе добиле тешко повреди и деформитети, останале неплодни, имале проблеми со белите дробови, оштетувања на кожата и рак.
Покрај тоа, здравствената документација покажала дека децата родени по нуклеарната проба имале тумори, развиена целебрална парализа, недостиг на коски и болести на срце. По децении кампања, оние кои биле директно изложени на радијацијата добија „златна картичка” исто како воените ветерани, која им ги покрива трошоците за здравствено осигурување. Оваа субвенција во здравствено осигурување од 98 милиони долари се обезбедува од федералниот буџет на Австралија.